ОДГОВОРЕН НА СМЕНА (M/Ж)
ОТВОРАЊЕ НА НОВ БРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА
ЛОКАЦИЈА: ДЕБАР
Со големо задоволство го најавуваме отворањето на Pepco во Македонија. За првпат го градиме нашиот тим на локалниот пазар и бараме искусни лидери кои сакаат да бидат дел од бренд во фаза на воспоставување и динамичен раст.
Ова е можност да преземете клучна улога во поставување на стандарди на работење, градење тим и обликување на успехот на новата продавница уште од самиот почеток.
Купувачот секогаш е во центарот на нашето внимание и континуирано настојуваме да одговориме на неговите очекувања и потреби. Нашата најголема предност е широката понуда на производи по пристапни цени, пријатни продавници и професионални мотивирани тимови.
ОДЛИЧНО ЌЕ СЕ ВКЛОПИШ ВО НАШИОТ ТИМ ДОКОЛКУ САКАШ:
• да имаш можност за развој и напредување
• да ги искористиш можностите за дополнителни обуки
• пријателска организациска култура
БЕНЕФИТИ КОИ ГИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ:
• менторство при воведување во работата
• бонуси за остварени продажни резултати
• надомест за превоз
• надомест за топол оброк
• божиќен бонус
• божиќен ваучер за купување во Pepco
• попуст за вработени
• програма за поддршка на вработени (EAP) – доверлива професионална поддршка достапна 24/7
ОД ВАС ОЧЕКУВАМЕ:
• поддршка на Менаџерот на продавница во секојдневната работа и спроведување на планот за продажба
• одлична координација и организација на работата на тимот за време на смената
• почитување на процедурите при прием и изложување на стока согласно стандардите
• одговорна работа на каса
• одлично снаоѓање при услужување на купувачи
• ажурност и точност во подготовка и спроведување на попис
• одговорно и точно извршување на пресметките на крајот од смената
• грижа за уредноста и чистотата на продажниот простор
ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СИ И ИМАШ:
• најмалку завршено средно образование
• најмалку 1–3 години искуство со работење во трговија
• афинитет кон работа со луѓе
• искуство во водење помал тим (предност, но не е услов)